Препишувачка креативност

Ученичка по физика под прекарот Blood_Reaper на Reddit, во пост насловен „Nailed the test“ (pun intended), се пофали со својот невообичаен метод на препишување. Имено, ги напишала клучните формули на мали ливчиња, кои ги залепила од внатрешната страна на долгите нокти. На крајот, го положила тестот.

Реакциите, очекувано, се измешани. Некои ја пофалија за креативноста, сосема заслужено. Други, водејќи се од „снајди се, па живеј“, сметаат дека заслужила и да положи. Останатите ја критикуваат дека за тоа време можела да го научи материјалот, особено што на ливчињата се запишани некои од најосновните формули во физиката, како „растојание = брзина x време“.

Постот

- Реклама -