Како позираат кинеските фотомоделки

Знаевме дека Азијатите – од Бангладеш па до Јапонија, работат како роботи, ама никој ни немаше кажано дека истото важи и за модната индустрија.

На пример, моделките на кинескиот онлајн шопинг гигант Taobao изведуваат и до 30 пози во минута, движејќи се подеднакво брзо како и (претпоставуваме) автоматската камера пред нив.

Не е чудо што следниве видеја го оставија интернет со зината уста. Ниту пак е чудно што моделкиве заработуваат по 1500 долари на ден.

- Реклама -