Станувате наутро, го вклучувате компјутерот и веднаш проверувате електронска пошта, Facebook, Twitter, блогови… и сите овие нешта ги земате здраво за готово, небаре отсекогаш постоеле. Но, и денес, постојат места каде што луѓето ниту имаат компјутери, ниту пристап до интернет. А таму, оние кои веруваат во слободата на информациите прибегнуваат кон драстични мерки…

Ова е приказна за Алфред Џ. Сирлиф, жител на Монровија, главниот град на малата африканска држава Либерија. Во екот на неодамнешната граѓанска војна тој започнал да го работи, веројатно единствениот аналоген блог во светот, наречен „Дневен муабет“. По завршувањето на војната, продолжува да работи со несмален интензитет, во име на слободата на информациите, во земјата каде што на големо царуваат сиромаштијата и неписменоста. Неговиот „блог“ е популарен, има редовни читатели, а тој се обидува да го направи финансиски исплатлив, продавајќи рекламен простор. Алфред работи во мала дрвена колиба во која ги одбира вестите, информациите ги запишува на табла со креди, а за да ја означи темата користи разни реквизити, во зависност од темата.