Брод-држава

СветотИако технички не можете да прогласите државност доколку немате територија на која ќе се наоѓа вашата држава (каде под територија се подразбира копно), сепак, бродот со име „Светот“ е еквивалент на држава. На него живеат луѓе од преку 40 различни држави. Тој е во сопственост на жителите и постојано го обиколува светот, останувајќи во пристаништата во кои застанува за снабдување со намирници помеѓу 2 и 5 дена.

Иако технички не можете да прогласите државност доколку немате територија на која ќе се наоѓа вашата држава (каде под територија се подразбира копно), сепак, бродот со име „Светот“ е еквивалент на држава. На него живеат луѓе од преку 40 различни држави. Тој е во сопственост на жителите и постојано го обиколува светот, останувајќи во пристаништата во кои застанува за снабдување со намирници помеѓу 2 и 5 дена.

„Светот“ во Аланија, Турција„Светот“ плови под знамето на Бахамите. Долг е 196 метри, широк 30 и има бруто тежина од околу 43524 тони. Има 20 палуби и екипаж од 250 луѓе. Максималната брзина што ја постигнува е 18 и пол чворови (34,3 km/h).

На бродот се наоѓаат 165 резиденцијални апартмани, а во секое време тој превезува помеѓу 100 и 300 жители и нивните гости. Некои од жителите (во чија сопственост е бродот) живеат постојано на него, а некои поверемено се враќаат во своите вистински држави.

„Светот“ е конструиран и изграден во Риса, Норвешка, како идеја на сопственикот на бродоградилиштето – Кнут Клостер Јуниор. И иако не бил замислен како брод – држава, во октомври 2003 година, неговите жители решиле да го купат, со што настана оваа необична ситуација.

На него ги има сите нешта кои се потребни за нормално функционирање, од ресторани, преку места за спротување и рекреација, казина, па сѐ до библиотеки и часови по јазици, танцување, компјутери, фотографија итн.

- Реклама -