Интернет го контролираат седум луѓе и седум специјални клуча

Звучи како од книга на Ден Браун („Кодот на да Винчи“), ама не е: Интернет, целиот интернет, е контролиран од седум физички реални клуча.

Новинарот на Guardian – Џејмс Бал, имаше прилика да присуствува на еден од високо-обезбедуваните ритуали, познат како „key ceremony“ („церемонија на клучеви“).

Луѓето што ја спроведуваат оваа церемонија се дел од организација наречена „Internet Corporation for Assigned Names and Numbers“ (ICANN). Оваа организација е одговорна за припишување/доделување на нумерички интернет адреси на вебсајтовите и компјутерите, и за нивно преведување во „нормалните“ веб адреси кои ги впишуваме во нашите пребарувачи.

На пример, 64.27.101.155 ќе ве однесе на веб страната на Business Insider. Ама тешко дека некој би ја запамтил адресата вака, во нумеричка форма. Од друга страна, www.businessinsider.com, 365.com.mk и слично е многу поефикасно и полесно за памтење. Кратко речено, ICANN ги мапира броевите (на компјутерите им е полесно да читаат/користат броеви) во зборови и букви, за да им бидат полесни за читање и користење на луѓето.

Е сега, кога некој би преземал контрола врз датабазата на ICANN, тој би го контролирал целиот интернет. Ќе може да ги праќа луѓето на лажни вебсајтови на банки, на пример. Од друга страна, ако се случи некаква неочекувана и голема штета, ICANN ќе мора да ја реизгради датабазата, што нема да биде лесно и нема да помине без последици.

Затоа, за да се минимизира ризикот од такви сценарија, организацијата работи на начин што избегнува да му додели премногу контрола на одреден поединец. Затоа имаат избрано 7 луѓе кои ќе ги чуваат клучевите (key holder-и), и кај секого има по еден клуч. Избрани се уште 7 други луѓе, да бидат „резерва“ т.е. back up холдери со своја копија од клучевите. Значи, вкупно 14 луѓе и 7 клуча со по една копија.

Овие 7 физички клуча отвараат 7 сефови низ светот. Во нив има кутии, а во нив има smart key картички. Кога ќе ги ставите сите картички заедно, го добивате главниот клуч – master key. Мастер клучот во суштина е компјутерски код, еден вид пасворд кој дозволува пристап до датабазата на ICANN.

Од 2010-та наваму, седумте чувари на клучевите се сретнуваат 4 пати годишно (да, на церемонијата на клучеви), каде што генерираат нов мастер клуч, т.е. нов пасворд.

Обезбедувањето на церемонијата е… интензивно, вели Џејмс Бал, и подразбира дека мора да поминете низ серија од заклучени врати – со помош на кодови и скенери на дланката, за на крајот да завршите во специјална соба од која не може да излезе никаква електронска комуникација.

А таму, конечно, 7-те најважни сопственици на клучеви на светов го изведуваат својот „ритуал“, по што ја напуштаат собата еден по еден и одат некаде на мезе, пијачка, забава, или што и да е друго типично за луѓе како нив.

Ова на видеото е првата „церемонија на клучеви“ од 2010-та година (на 1:58 во видеото).

Џејмс Бал, конкретно, пишуваше за последната одржана церемонија. Еве ја статијата на Guardian: Клик.

 

- Реклама -