Пред две години, во Шпанија почина 17-годишна тинејџерка од Холандија при несреќа при банџи скок. Несреќата се случи во август, кога скокала од вијадукт висок 32 метри. При скокот воопшто не била врзана со јажето.
Шпанскиот суд сега соопшти дека е многу веројатно причината за несреќата да е лошиот англиски говор на инструкторот.
… Замислете дека вие сте 17-годишната Вера Мол. Прв пат скокате банџи. Возбудени сте. Појма немате како се врзува јажето, а и не ве интересира – го имате инструкторот зад вас, тоа е негова работа. Нешто чепка по јажињата, и одеднаш ви вели „no jump“…
Сакал да ѝ рече „don’t jump“, ама не знаел. Таа го чула „now jump“, и скокнала…
Не е од помош и тоа што банџи-џампингот е забранет на конкретниот вијадукт. Не е од помош ни што малолетничката немала согласност од родителите да скока.
Датумот на судењето допрва ќе биде одреден.