Иван Фандињо, еден од врвните шпански тореадори, почина на фестивал во Франција откако се сопна од сопственото тореадорско платно.
Кратката несмасност беше доволна за на момент да го изгуби балансот, а бикот тоа го искористи за да му зададе неколку сериозни удари и да го собори на земјата, а потоа и да го пречека со роговите при обидот да стане. Сé ова пред да стигнат да втрчаат помошниците задолжени за помош во вакви ситуации.
Според извештајот, рогот на бикот го пробушил белиот дроб на тореадорот, кој додека го изнесуваа од арената можеше да биде чуен како извикува „побрзајте, умирам“. На прв поглед повредите не изгледаа смртоносни, па подоцна сите беа изненадени кога Фандињо починал во болница, особено што сите го знаат како одличен борец.
Фандињо имаше 36 години, а активно се бори со бикови веќе 12 години (а вкупно 15). Нема да се мачиме со точна бројка, но статистичката веројатност во сите тие години да ја направиш таа една мала кобна грешка е – голема.
Еве и видео. Нормално, вознемирувачко:
https://youtu.be/5-26rVUIjOk
На темата: 10 прашања што отсекогаш сте сакале да му ги поставите на тореадор