Тетоважи што мерат здравје и ја менуваат бојата

Научниците развија ново тату-мастило што ја менува бојата како реакција на промените во телото, како нивото на шеќерот во крвта или нивото на натриум.

Користејќи течност со биосензори наместо традиционално мастило, научниците сакаат да ја претворат површината на кожата во „интерактивен монитор“. Ваквата технологија има потенцијал да внесе револуционерни промени во надгледување на здравјето.

До сега тимот има развиено три различни „мастила“ кои менуваат боја како реакција на промените во интерстицијалната течност – течноста меѓу клетките, која сочинува околу 16% од тежината на човечкото тело.

Најинтересно од трите сензорни мастила е тоа што го мери нивото на гликоза. Сензорот ја менува бојата од сина во кафена кога нивото на шеќер расте. Ова може и те како да им го олесни животот на луѓето со дијабетес, кои на дневна основа прават тестови на крвта за да ја мониторираат гликозата (веќе има многу кандидати што сакаат да го испробаат).

Другите два сензора реагираат (од розево во виолетово) на pH вредноста и (зелена нијанса под УВ светлина) нивото на сол/натриум.

Сепак, ќе треба малку да почекаме. Мастилата се тестирани само на парчиња од кожа од свиња, со инектирање на критичните супстанци на кои реагираат детекторите. Еве ги во акција, заедно со дигитална проекција на тоа како би изгледала таква тетоважа на човечка рака:

 

- Реклама -