Почина Мајкл Џексон

Повеќе...Кралот на попот не е веќе меѓу нас. Светските медиумите вчера ја соопштија тажната вест дека на 25 јуни поп иконата го напушти овој свет.


260609f83707b2.jpgКралот на попот не е веќе меѓу нас. Светските медиумите вчера ја соопштија тажната вест дека на 25 јуни поп иконата го напушти овој свет.

Пеачот бил однесен во болница заради застој на срцето и набрзо потоа бил прогласен за мртов. Брзата помош била повикана од домот на пеачот, на пладне во четвротокот и после неуспешната реанимација тој веднаш бил пренесен во медицинскиот центар на UCLA. Во 2 часот и 26 минути по локално време тој е прогласен за мртов.

Некои шпекулираат дека причината за смртта е предозирање со медикаменти. Мајкл се здобил со многу повреди спремајќи се за турнејата која требаше да го означи неговото враќање на сцената. Заради повредите, тој бил подложен на лекување со голем број на лекови. Аутопсијата со цел да се потврдат причините за смртта е закажана за денес, а првичните резултати можат да се очекуваат во текот на денот.

mj.jpegШпекулациите велат дека лекот против болки Деморол можеби е причината за раната смрт на Мајкл. Според медиумите, тој бил зависен од овој лек познат и под името Pethidine. Срцето на Џексон, според британските таблоиди, можеби откажало после инјектирањето на лекот од страна на неговиот личен медицински тим. Во својата изјава, поранешниот продуцент и пријател на Мајкл, Tarak Ben Ammar ги нарече докторите кои го лекуваат Мајкл – шарлатани и криминалци кои ја злоупотребуваа неговата хипохондрија. Во наплив на емоции тој изјави дека „Јасно е дека криминалците во овој случај се докторите кои го лекуваа во текот на неговата кариера, кои го уништија неговото лице и кои му даваа јаки лекови против болка. Тој беше хипохондрик, но никој навистина не знаеше дека е болен бидејќи тој секогаш беше опкружен со доктори шарлатани кои ги трошеа неговите илјадници и илјадници долари на лекови и витамини…“

Оваа тажна вест го шокира светот. Џексон ја започна својата кариера на 5 години. Беше член на Jackson 5 заедно со своите браќа, доби 13 греми награди, имаше 13 број еден синглови, а Thriller e најпродаваниот албум на сите времиња. Неговата музика влијаеше врз генерации поп, хип хоп и R&B музичари. Во последно време беше познат по скандалите и контроверзите, но неговата музика и неговите танчерски потези беа инспирација за многумина. Кралот на попот почина на 50 годишна возраст.

- Реклама -