Откако беше најавено дека претседателот на САД, Барак Обама, ќе одговара прашања на Reddit, настана хаос кој привремено го сруши сајтот.
Корисниците поставуваа прашања, некои доста сериозни други пак малку смешни. Обама, или некој од нековиот PR персонал, се придржуваше до сериозните прашања, одговарајќи на теми како слобода на интернетот и малите бизниси, но одговори и неколку од смешните прашања за пиво и спорт.