Канибализмот не е толку ретка тема во филмовите со преживување или книгите за залутани авантуристи кои немаат што да јадат. Но што всушност се случува ако јадеш други луѓе?
Излегува дека и тоа не е многу паметна опција и може да те убие.
Канибализмот е присутен кај многу видови живи суштества во природата. Кај цицачите е поредок, и најчесто се случува само во стресни ситуации.
Сепак, долго време е присутен и кај луѓето. Во Франција се најдени докази од Неандерталци кои ги кршеле коските за да ја јадат коскената срцевина стари околу 100.000 години. Во делови од Европа канибализмот го имало и во 20-тиот век, кога човечката крв била користена како лек.
Каков ни е вкусот?
Луѓето дефинитивно спаѓаат во црвено месо, заради миоглобинот во нашите мускули. Просечен човек е околу 81.000 калории; на пример, нашите бутови „тежат“ по 10.000 калории, а срцето – 700 калории. Сепак, околу половина од овие калории доаѓаат од масното ткиво, па тоа и не би било баш здрав оброк, особено за тие на диета.
Анегдоталните докази (главно од убијци и мртви авантуристи/истражувачи) велат дека човечкото месо е доста вкусно – често го споредуваат со свинско или телешко. Додуша, еден „робот за тестирање вкусови“ го има идентификувано како „сланина“.
Зошто е опасно да се јадат луѓе?
Освен очигледните причини, најопасно е поради таканаречените приони.
Во Папуа Нова Гвинеја, до пред околу 50 години, кај одредени народи постоел обичај да ги јадат своите блиски откако ќе починат, наместо да ги погребуваат.
Како резултат на јадењето човечко ткиво, многу од тие луѓе развиле Кору, или таканаречена „laughing disease“. Болеста се развива поради протеините во човечкото месо наречени приони, кои не можат да бидат убиени со топлина. Тие ги убиваат нервните клетки во мозокот, создавајќи дупки како да е сунѓер.
Па ете, ако случајно планиравте да смените исхрана, немојте.