Казна од 1,92 милиони долари за симнување песни

Џејми Томас-Расет И на повтореното судење (единственото за нелегално споделување информации до сега во Америка), самохраната мајка Џејми Томас-Расет беше осудена да плати казна. Овојпат значително поголема отколку во првичното судење. Нејзиното злодело? Симнување песни од интернет.


И на повтореното судење (единственото за нелегално споделување
информации до сега во Америка), самохраната мајка Џејми Томас-Расет
беше осудена да плати казна. Овојпат значително поголема отколку во
првичното судење. Нејзиното злодело? Симнување песни од интернет.

Џејми Томас-РасетЗамислете си дека си симнувате песни кои ви се допаѓаат од интернет. Да речеме 24 на број. Откако сте ги симнале, време е да уживате во нив. Но, одеднаш, ви доаѓа покана за судење. Музичката индустрија ви вели оти сте ги ограбиле и заслужувате да бидете сурово казнети заради тоа.

Токму тоа ѝ се случи на самохраната мајка од Минесота, Џејми Томас-Расет. Таа била тужена од музичката индустрија заради нелегално преземање песни од интернет. Го загубила судењето, но судијата се извинил заради тоа што несвесно повлијаел на одлуката од поротата и препорачал да има повторено судење.

Но, наместо да се дојде до разумно решение, новата порота отишла еден чекор понатаму. За песните што Џејми ги „украла“, пресметале штета од 1,92 милиони долари – или токму 80 илјади долари по песна.

Џејми Томас-Расет изјавила оти одлуката е бесмислена, а тие никогаш нема да ги видат тие пари, од проста причина што ниту таа никогаш во животот нема да има шанса да види толкави пари, со оглед на тоа што и онака едвај преживува.

Овој случај е значаен поради тоа што нејзе ѝ била дадена шанса од адвокатите на музичките компании да плати „симболична“ казна помеѓу 3 и 5 илјади долари, но таа од принципиелни причини одбила, затоа што чувствува дека не сторила ништо лошо.

- Реклама -