На 27 мај 2017-та, во 12 часот во Градскиот парк, Скопје ќе се приклучи на актуелно глобалното слеклајн движење, иницирано од Gibbon Slacklines.
Целта на настанот е рекорден број на луѓе да успеат да балансираат 10 секунди на слеклајн!
Настанот е организиран од Gibbon Slacklines Macedonia и Sport Inn, а е отворен за широката јавност, односно, секој може да земе учество во предизвикот, без разлика на возраста. Учеството е бесплатно и нема потреба од претходно пријавување, па секој ќе може да ужива во забавата и да проба една нова, забавна дисциплина – слеклајнинг.
Наше е да ја рашириме веста за настанот, а ваше е да учествувате, да се забавувате, и Скопје да го ставите на глобалната слеклајн мапа.
Од фотките можете да видите како си поминувале луѓето на некои од веќе реализираните предизвици ширум светот.