Што точно ќе ти се случи ако „прошеташ“ во вселената без скафандер

Земи астронаут, стави го во вселената, извади му го скафандерот, и резултатот ќе биде прилично гаден.

Ако случајно залуташ во вселената по фармерки и маица, првото што треба да го знаеш е да не го задржуваш здивот. Вакуумот во вселената ионака ќе го извлече воздухот од твоето тело. А ако имаш преостанат воздух во белите дробови, ќе експлодираат.

И кислородот во останатиот дел од твоето тело ќе се шири. Ќе се надуваш како балон додека не достигнеш двојно поголема големина, но нема да експлодираш. Кожата е доволно еластична за да се сочува во тој балон.

Сите изложени течности на твоето тело ќе почнат да испаруваат. Тоа значи дека површината на јазикот и очите ќе ти зоврие.

Без воздух во белите дробови, крвта нема да може да го нахрани мозокот со кислород. Ќе се онесвестиш за околу 15 секунди. По 90 секунди во вселената, ќе умреш од гушење.

Во вселената е и ѕивра ладно. Порано или подоцна ќе замрзнеш, буквално. Зависи каде си во вселената, тоа ќе трае од 12 до 26 часа. Ако пак се најдеш блиску до звезда, ќе изгориш како препечен чипс.

Тоа што ќе ти остане од телото по сите овие процеси, ќе остане така долго време. Бактериите од цревата ќе почнат да те јадат одвнатре, но тоа нема да трае долго. Со други зборови, понатамошното распаѓање на телото ќе се одвива страшно бавно. Можат да поминат милиони години, а телото уште да ти лебди низ вселената непроменето…

…Којзнае, може и ќе те најдат вонземјани. Којзнае, можеби ќе имаат и некоја луда технологија што ќе те оживее. Сепак, шансите се мали. Затоа, не оди во вселената по фармерки и маица.

 

- Реклама -