Белгиската склоност кон екстравагантна расвета блесна во фотографиите на францускиот астронаут Томас Песке.
Фотографијата од Европа, направена од Меѓународната вселенска станица (ISS), предизвика прилично големо внимание меѓу Фејсбук корисниците. Песке првично ја објави на Твитер, со напомена дека Белгија како и обично свети повеќе од другите земји.
Зошто? Поради густите патни мрежи кои во Белгија имаат комплетна покриеност со улично осветлување. На патиштата во земјата во функција се 2.2 милиони бандери или во просек – 186 на секои илјада метри квадратни.