Малкумина знаат дека рускиот писател и драматург Михаил Булгаков, кој доби светска слава со романот „Мајсторот и Маргарита”, по професија/образование бил доктор. Булгаков е роден во Украина на 15 мај 1981 година, во руско семејство.. Татко му Афанасиј Булгаков бил професор на Киевската духовна академија, а неговите дедовци биле православни свештеници.
Михаил дипломирал на медицинскиот факултет на Киевскиот универзитет и за време на Руската граѓанска војна служел во армијата на Украина. По завршувањето на војната останува во Русија и речиси две години работи како доктор во едно мало село. Во 1919 година, сепак, Булгаков решава целосно да се оддаде на литературата, кон која негува жив интерес уште од гимназиските години. Оставајќи ја медицината зад себе, во 1921 година се преселува во Москва, се разведува и почнува да пишува статии и фељтони за печатот. Издава зборници, пишува драми, но по 1929 година државната цензура го запира од можноста да објавува.
Подоцна Булгаков работи како асистент-режисер во Московскиот уметнички театар, но откако неколку пати ги тргаат неговите драми од сцената, тој си поднесува оставка и е примен во државниот академски театар Бољшој како либерист и консултант.
До крајот на својот живот Булгаков пишува драми, критики, преводи и драматизации кои никој не издава. Сепак, паралелно со тоа, тој работи и на книгата која ќе го рангира неговото име меѓу оние на најголемите балетристи на сите времиња.
„Мајсторот и Маргарита” е објавен цели 26 години по смртта на Булгаков. Авторот умира во 1940 година од нефросклероза во Москва. Неговото ремек дело ги преживува дури и најтешките сталинистички времиња и стигнува до публиката благодарение на неговата трета сопруга Елена Шиловскаја.
„Мајсторот и Маргарита” е пример за исклучителна светска литература. Тоа е многуслојна книга која може да се чита десетици пати во животот и секој пат да открива нови, неочекувани длабочини и пораки. Се работи за мастерпис кој ги афектира најисконските, најуниверзалните теми кои ја интригираат човечката душа – Ѓаволот и Бога, љубовта и стравот, Доброто и Злото и Големиот смисла на сето тоа.
Следуваат 10 влијателни цитати од Булгаков, со кои ќе одбележиме 126 години од неговото раѓање:
• „Нема зли луѓе, има само несреќни.“
• „Малодушност – еден од најстрашните човечки пороци.
– Не, се осмелувам да ви приговорам. Малодушност е најстрашната човечки порок.”
• „Оној кој сака треба да ја споделува судбината на оној кого го сака.”
• „Никогаш и од ништо не се плашете. Тоа е неразумно.”
• „Разберете, дека јазикот може да скрие вистината, но очите – никогаш!”
• „Таа носеше одвратни, нападни жолти цветови. Ѓавол ги знае како се викаат, но, којзнае зошто, тие први се појавуваат во Москва. Овие цвеќиња многу силно се издвојуваа наспроти црното нејзино пролетно палто. Таа носеше жолти цветови! Лоша боја. Таа скршна од Тверскаја во една попречна уличка и тогаш се сврте. Знаете каде е Тверскаја, нели? На Тверскаја минуваа илјадници луѓе, но јас ве уверувам дека таа ме виде само мене и ме погледна не само тревожно, но дури и некако болно.
Ме порази не толку нејзината убавина, колку бескрајната, невидена самотија во нејзините очи! Се потчинив на жолтиот знак и исто така свртев на раскрсницата, тргнав по неа. Одевме без зборови по кривата досадна уличка, јас по едниот тротоар, таа – на другиот. Замислете, по уличката немаше жива душа. Се измачував, бидејќи ми се причини дека треба да ѝ прозборам, а се плашев дека нема да изговорам ниту збор и таа ќе си отиде и никогаш повеќе нема да ја видам. И замислете, одеднаш проговори таа:
– Ви се допаѓаат ли моите цвеќиња?
Добро се сеќавам како ѝ звучеше гласот, доста низок, но пресеклив, и колку и да е глупаво, ми се стори дека ехото одекна во уличката и се втрча во валканиот жолт ѕид. Јас брзо поминав на нејзиниот тротоар и додека се приближував, одговорив:
– Не.
Таа ме погледна зачудено, а јас одеднаш и сосема неочекувано сфатив дека цел живот сум ја сакал токму оваа жена! …”
• „Што ќе прави твоето добро, ако злото не постоеше, и како би изгледала земјата ако сенките исчезнеа од неа?”
• „Што и да речат песимистите, Земјата сé уште е совршено убава, а на месечева светлина е навистина уникатна”
• “Кој ви кажа дека нема на светот нема вистинска, верна, вечна љубов? Да му го исечат јазикот за лагата!”
• “Сé на крајот се поправа. Така е изграден светот.”