Сензационална технологија – патишта од пластичен отпад

Вака изградените патишта се поевтини и за 60% поквалитетни и поцврсти, а воедно ќе ги расчисти пренатрупаните депонии.

Шкотска компанија смета дека има едно заедничко решение за трите најголеми проблеми на планетата во моментов: зголемените „планини“ од пластичен отпад, високата цена за изградба на патишта и постојана потреба од поправка и нивно одржување за нив. Фирмата MacRebur, основана од Тоби Макартни, измисли и патентира технологија која го заменува чакалот во составот на асфалтот со отпадна пластика. Така добиените патишта не се само поевтини, туку и се 60% поцврсти од оние со традиционален асфалт.

Макартни нагласува дека во депониите во светот има материјал за милиони километри патишта. „Ние ја собираме исфрлената пластика и користиме специјална формула за да ја исчистиме, да ја претвориме во пелети и да ги додадеме кон асфалтен смеса, за да создадеме патишта со подолг век“, објаснува основачот на компанијата. Чисто економски шемата изгледа привлечна за сите. Патните компании ги намалуваат трошоците и јаглеродното учество, бидејки новата технологија бара помалку нафтени производи. Компаниите кои произведуваат пластичен отпад, не само што нема да плаќаат, за да го преземат од депониите, дури ќе добиваат големи суми за ѓубрето. Локалните власти заработуваат двојно, бидејки за пониска цена ќе добиваат здрави патишта, кои имаат потреба од помалку одржување. А, возачите веќе нема да возат преку дупки и да ги оштетат автомобилите. Сите задоволни!

Во моментов технологијата на MacRebur се оценува од уште неколку европски влади. Инаку, неговите планови веќе добиле одобрение од локалните власти во Шкотска и Велс, како и поддршката на сер Ричард Бренсон, основачот на Virgin. Сер Ричард Бренсон толку се импресионира од креаторите на MacRebur па им врачи и награда за иновации.

- Реклама -