Играјте на Интернационалниот ден на друштвени игри во Јавна Соба (29 април)

Спремни за International Tabletop Day?

Дап, и оваа година, на 29 април, ќе имате можност да уживате во интернационалниот ден на друштвени игри. Цел ден играње на вашите омилени друштвени игри, забава и дружење во пријатната атмосфера на Public Room.

Ќе се играат куп игри. Нешто ќе донесат Boardgames.mk и Гоблин, а другото е оставено на вас, да си ги понесете своите омилени. Крајната поента е сите да играат.

Програма:

– 13:00 Презентација на Galactic Warlords: Battle for Dominion одArchona Games
– 14:00 Презентација на Rise to Nobility од Final Frontier Games
– Цел ден играње на други друштвени игри!
– 16:00 Презентација на Go

Нешто се спомнува и попуст на сендвичи и ваучери за бесплатни копии. Видете си на евентот. 😉

Евентот: ЛИНК.

- Реклама -