Како што сте имале прилика да се уверите и од сопственото искуство, Дизни отсекогаш знаеле да создадат визуелно „пресwaтки“ ликови кои инстантно ви ги освојуваат симпатиите. Тоа не е случајно. Во голема мера се должи на психологијата, која Дизни толку успешно ја користи, што практично има проверен рецепт.
Во основата на тој рецепт се пропорциите на телото на ликот, кои се базираат на пропорциите на човечко бебе. Освен тоа, други клучни карактеристики се и експресиите на срамежливост и скромност.
Но како што рековме, се работи за вистински рецепт, кој е разработен до детали. На пример, следниве:
• Голема глава во однос на телото
• Високо чело (многу е важно)
• Очите се поставени ниско на главата. Обично се големи и широко раздвоени
• Носот и устата се секогаш мали
• Ушите се помали во однос на ушите на возрасен човек
• Нема врат. Главата директно е припоена на телото
• Рацете се кратки и секогаш се дебелки. Секогаш се стеснуваат кон дланките и завршуваат со малечки прсти
• Телото е во форма на издолжена круша (пошироко во долниот дел)
• Стомачето секогаш е малку подуено, испакнато. Алудира на добра нахранетост
• Р’бет во лак, истакната облина во долниот дел на р’бетот, т.е. она што го нарекуваме „згодно“. На англиски е „sway back“, тоа е задната линија што се протега од главата, па сé до задникот
• Самиот задник и бутовите се испакнати и дебелки, ама никогаш предебели – секогаш одговараат на базата на телото и линијата на нозете
• Нозете се секогаш дебели, кратки, и се стеснуваат во мали стапала
Еве како горниве правила се употребени и во другите ликови: