Каде што некој гледа нечиста кола и обично му доаѓа да ѝ напише „Испери ме“, друг гледа платно за сликање.
Ако и твојата кола не видела сунѓер и перална, а притоа си во Москва, не се мали шансите да станеш мета на рускиот илустратор Никита Голубев, кој истурајќи го целосниот свој уметнички потенцијал, може да ти ја претвори неиспраната кола во уметничко дело.
Иако Никита има доста сликано и цртано и се има бавено со дигитална уметност и пред овој „проект“, овој веројатно е врвот, барем поради краткотрајната природа на делата што ги остава по запоставените автомобили.
Во меѓувреме, ете ни изговор: „Не ја перам колата, бидејќи ја поддржувам уличната уметност“.
Голубев можете да го ѕиркате на Инстаграм