Таџикистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека неговите полицајци во иднина ќе мораат задолжително да посетуваат театар.
Полицајците од сите чинови ќе мораат барем еднаш месечно да одат на претстава, изјави Умарџон Емомали – портпаролот на министерството.
„Одењето во театар треба да го подигне културното ниво на полицајците и да го намали нивниот замор од тешките и стресните работни денови“, објасни Емомали. Додаде дека тоа ќе важи за полицијата во целата земја, а додаде и дека ќе се оди на многу премиери, на различни претстави.
Сепак, можно е одлукава да нема многу врска со „релаксацијата“ и „културната култивација“ на полицајците, колку што има со празните театри. Имено, претседателот на Таџикистан – Емомали Рахмон, кој е на чело на земјата уште од 1992 година, во 2015-та наложи иззградба на театар вреден 100 милиони долари, со желба тоа да биде најголемиот театар во Централна Азија.