Непознат хакер успеа да активира повеќе од 156 сирени за узбуна во Далас, Тексас. На властите им требаа 90+ минути за да ги изгасат.
Хакерот успеал да најде начин да упадне во безбедносниот систем за контрола на градските сирени, кои главно се користат во случаи на природни непогоди како торнада или урагани. Сирените се активирани ноќта меѓу петокот и саботата, во 23:42 (таман да им го уништи петочниот ноќен живот на жителите). Се огласиле најмалку 60 пати, т.е. поминале низ околу 15 циклуси од по 90-секундно свирење. Изгасени се дури во 1:20 по полноќ.
Надлежните знаат дека хакерот живее на територија на Далас, но не можат да ја одредат неговата точна локација.
Инаку, очекувано, сирените предизвикаа голема паника во градот. Во рок од 3 часа, на бројот за итни ситуации 911 имало околу 4.400 јавувања.