Неодамна беше објавено истражување на тема секс во тројка. Ќе беше убаво да се прочита академска анализа на ова класично-егзотично сексуално искуство, но во суштина истражувањето е ужасно досадно. Почнува со „На тројките не им е посветено многу стручно внимание“, а набрзо демонстрира и зошто. Во суштина, заклучува дека „резултатите сугерираат дека младите луѓе не ги осудуваат тие кои практикуваат секс во тројка, ама не се доволно мотивирани и самите да се впуштат во тоа“. Ви рековме дека е досадно…
Па така, Vice решава да направи свое истражување. Изненадувачки е колку негативен став кон тројките имаат луѓето (особено тие што ги пробале).
„Мене сексот и со една личност ми е доволно емотивно и физички комплициран“, вели 53-годишниот Кајл, кој новинарката на Vice го запознала на интернет. Никогаш немал однос со две лица истовремено, но мисли дека тоа би му било „премногу напорно“. Уште полошо, вели дека самиот концепт на секс во тројка не му е нешто посебно возбудлив. „Делува комплицирано и емотивно разлеано. Ако сум со некоја личност, тогаш сакам да сум со таа некоја личност“.
Останатите испитаници имале искуство со тројките, ама и нив не им биле по ќеиф. Една испитаничка вели дека сексот во тројка ѝ бил „срање“ секогаш кога го имала, освен во два наврата. „Ако веќе постои некоје несексуална врска меѓу сите тројца, може да биде ОКЕЈ.“, вели извесна 29-годишна Шели. Обично на повеќето во глава им се мота варијантата во која еден пар бара трет „кандидат“ меѓу пријателите или преку интернет, ама Ешли вели дека баш тие варијанти се најлоши.„Кога веќе постоеше врска меѓу двајца, а третиот упаѓаше само заради секс, ретко беше добро“. За неа овие комбинации функционираат само кога „поентата е проширување на постоечката љубов и блискост меѓу сите тројца“.
„Досадно и гадно!“, вели 25-годишната Саманта. „Мене сексот и онака ми е доста гаден, генерално, за волја на вистината“. Сепак, во тројка, голата активност ѝ е посебно одвратна. „Пред сé ми е досадно, зашто човечкото тело не може без екстра напор да истрпи многу од тоа“, додава таа. Саманта, сепак, има и нешто пообјективни аргументи: „Едната личност секогаш има секундарна улога, додека другите две учествуваат поактивно“. Практично, додека двајца од тројцата се сексаат, на третиот му останува да лиже или пипка или „да ги влече за ракав за и него да му посветат внимание“, звучи парафразирано Саманта. „Не сум фан“, убедлива е таа.
„Освен што се случува да паднеш од кревет или да го скршите истиот, во два-на-еден односите секогаш некој мора да вари кафе или да спрема доручек или да чисти зад другите“, вели 30-годишниот Бастијан. „Мразам тројки“, додава со ужас. „кога и да сум пробал, се случува некоја катастрофа“. Бастијан има поента, од искуство: Третата страна која упаѓа во нечиј кревет станува „само катализатор за нивната сексуалност или нивните проблеми во врската“. Тоа не е особено пријатна улога, смета тој, посебно не во сексуална смисла. „Или стануваш сојузник на едниот па на другиот, или си сојузник на едниот од нив, а соперник на другиот“. И двете опции звучат застрашувачки кога доаѓаат од Бастијан, но нему му се има случено и пострашно. „Мене ми се случи да им станам соперник и на двајцата, па после ми се налутија, тврдеа дека сум им го уништил бракот, дека сум промискуитетен шупак и гомно од човек“. Единствената добра страна на сексот во тројка, вели Бастијан, лежи во непожелните физиолошки функции. „Можеш слободно да прднеш и никој нема да знае кој е кривецот. Ако некаде остане некоја флека, немате појма чија е“.
„Нема ништо полошо“, вели Ен, 46-годишна. „Пред сé, тоа подразбира многу концентрација, што на луѓето обично им го расипува уживањето. Кога се фокусирате на рамноправна распределба на времето и третманот, тоа е како да се бавите со некаква работа, наместо со рекреативна активност“. Ен признава дека самата идеја за сексот со двајца партнери делува возбудливо, но инсистира дека ништо освен идејата всушност не е. „Тоа е една од оние фантазии кои се подобри кога не се исполнуваат“, констатира Ен и додава дека сексот во тројка нема „ни логичка смисла“: Загарантирано е дека некој од тројцата ќе сврши прв, а тогаш не му гине книга или гледање ТВ додека другите двајца се „доеб*т“.
Освен што многу од испитаниците го опишуваат како досаден и напорен, некои го споредуваат и со секс меѓу живи мртовци. Елизабет вели дека пробала секс во тројка еднаш и никогаш повеќе. „Беа како вампири, а јас нивен плен. Исклучиво поразително“.
„Јас веќе тоа не го правам“, вели Ен. Неа ѝ се лоши од приказните за наводните секс-тројки. „Тоа е една од оние урбани легенди, ништо повеќе“. Ја нервира тоа што медиумите и понатаму го туркаат митот за сексот во тројка, и смета дека „конечно треба да му се забие колец во срце и да се престане со таа приказна“.