Појма немавме дека тајландските пари се толку интересни.
Да наидете на пара падната на улица и случајно да ја нагазите, било каде во светот би било само уште еден неважен настан недоволен за внимание. Не и во Тајланд.
Причината? На монетите и банкнотите стои ликот на кралските височества на земјата. Во Тајланд тие се страшно почитувани, а ликот на актуелниот крал ќе го видите насекаде. А кон кралот не треба да се однесувате со непочит, па истото важи и со парите со неговиот лик.
Тајландската валута се нарекува „бах“ (baht). Еден бах е составен од 100 сатанга. Според актуелниот курс, еден американски долар може да биде разменет за 35 баха. Во 2014 година бахот е десеттата најраспространета валута во светот, покажуваат податоците на Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication (SWIFT).
Забавен факт: Монетата од 10 баха е многу слична со таа од 2 евра. Има идентична форма, па можете да ја користите на секоја вендинг машина што работи со монети од 2 евра. Забавното е што 10 баха се еквивалент на само нешто повеќе 25 евроценти, ако се разбираме (намиг, намиг).
Инаку, Тајланд има монети од 1, 2, 5, 10, 25 и 50 сатанга. Таа од 10 е најраспространета.
Банкнотите се во вредност од 10, 20, 50, 500 и 1000 баха. Сите наликуваат една на друга, освен што се во разни бои – зелена, сина, црвена, виолетова и кафена. И на сите е кралскиот лик.
Така, во Тајланд, во случај да:
• нагазите паричка/банкнота
• да фрлите паричка (било на друг човек, или како помошно средство за носење на одлуки)
• да скинете, запалите, или ишкртате пара
… никој не ви гарантира дека тоа ќе помине без последици. Секое од наброените се смета за сериозно непочитување (кон кралот) и може да ве доведе во ситуација да одговарате пред законот.