Организираните криминални групи во Италија пројавуваат сé поголем интерес за контрола на бизнисот во земјоделството, бидејќи тоа е единствената гранка која бележи раст во текот на долготрајната економска криза.
Италијанските обвинители и земјоделската лоби група Coldiretti изразија загриженост во врска со зголеменото присуство на криминалните организации и нивната растечка контрола врз земјоделството и пазарот на храна, од извозот на лимони во САД, до продажба на големо до локалните ланци на супермаркети.
Обвинителите и Coldiretti се залагаат за нови закони, кои ќе овозможат строго казнување на припадниците на мафијата за вмешаност во земјоделските активности. Во извештајот претставен на истражителите, пратениците и официјалните претставници на полицијата, во седиштето на лоби групата во Рим, се проценува дека присуството на агромафијата во земјоделството е зголемено за 30% во 2016-та во однос на претходната година, и дека вредноста на земјоделските активности во кои мафијата учествува се движи околу сумата од 21.8 милијарди евра.
А Италија е позната по толку многу земјоделски производи, што криминалните организации, понекогаш и поединечни кланови, се бават само со одредени производи.
„Озлогласените мафијашки кланови меѓусебно си ги распределуваат бизнисите со храна, и контролираат производи кои се симболи на Италија“, велат од Coldiretti.
За големата љубов на мафијата кон лимоните, во случај да не знаете, прочитајте ТУКА или ТУКА.