Торнадо на Балканот?

Повеќе...

Заради се поголемата изразеност на климатските промени, подрачјето на бивша Југославија е подложно на создавење на силни олуи и ветрови, односно помали торнада.


tornado.jpg

Заради се поголемата изразеност на климатските промени, подрачјето на бивша Југославија е подложно на создавење на силни олуи и ветрови, односно помали торнада.
 
"Откако постои мерење на брзината на ветерот на нашите простори, ова е прв пат пред пет дена во Херцег Нови да биде забележан ветер со јачина на ураган од четврта категорија. Истиот ден во Бугарија температурата изнесуваше 27 Целзиусови степени, што уште еднаш потврди дека допирот на ладната и топлата воздушна маса создава услови за засилени ветрови, а ни ситуацијата во делови од Македонија не беше подобра каде невремето однесе и жртви", објаснува еден од членовите на Комитетот за климатски промени во БиХ.
Од Федералниот хидрометеоролошки завод укажуваат на тоа дека ваквите појави се случуваат на секои 5 или 6 години.
Предвидувањата дека како последица на климатските промени ќе дојде до силни ветрови и екстремни промени во природата потврдуваат изминативе неколку дена, кога на Балканот дуваа значително посилни ветрови од порано. На подрачјето на БиХ дуваа ветрови со брзина од 50м/с, а секој ветер кој ја надминува брзината од 17,2м/с се смета како олуја. 
Како најзагрозена од регионот е БиХ која ќе биде и најмногу изложена на силните ветрови, а од Комитетот за климатски промени наведуваат дека можноста за појава на торнадо на просторот на бивша Југославија е најизразена на краевите блиски до Јадранот, макар што не е исклучена ни можноста и за појава во континенталните делови, каде што веќе се забележани таквите појави.
- Реклама -