Во Британија почна да се применува технологија која наликува на онаа од научно -фанатастичниот филм Малцински извештај во кој луѓето се апсеа пред да го извршат злосторството . Камери за набљудување кои можат да го предвидат злочинот се поставени на британските улици.
Во Британија почна да се применува технологија која наликува на онаа од
научно -фанатастичниот филм Малцински извештај во кој луѓето се апсеа
пред да го извршат злосторството Камери за набљудување кои можат да го
предвидат злочинот се поставени на британските улици.
Камерите ги алармираат операторите кога се случува нешто сомнително, компјутерите го анализираат движењата на луѓето или возилата и доколку забележат нешто необично или сомнително го алармираат CCTV операторите. Операторите потоа ја проверуваат сликата и доколку заклучат дека има потреба ја информираат полицијата. Целта на оваа технологија е да го спречи криминалот пред да биде извршен.
Британија со ова докажа дека се повеќе станува општество на присмотра. На улиците веќе има поставено над 4 милиони камери и со оваа технологија уште повеќе од порано се контролира однесувањето на секој поединец. [Minority Report comes to Britain: The CCTV that spots crimes BEFORE they happen]