Повеќе од пола милион муслимани кои живеат во Атина и официјално ќе ја добијат првата џамија.
Во главниот град на Грција нема службена џамија уште откако се протерани Османлиите во 1833 година. Лани, министерот за надворешни работи – Јоанис Аманантидис, и сам призна дека Атина е единствениот европски главен град кој нема таков верски објект.
Во меѓувреме, муслиманите во Атина ги обавуваат своите верски должности во импровизирани џамии, често во подруми или складишта. Овие пак, често се мета на напади со религиозна основа.
Изградбата на џамија ја најави премиерот Алексис Ципрас уште во мај, истакнувајќи дека владата ќе го направи тоа од почит кон муслиманското население во Атина, но и затоа што имаат обврска да ги штитат нивните (грчките) вредности.
Новата џамија ќе зафаќа површина од илјада метри квадратни, но ќе нема минаре. Ќе биде изградена во април, во старата поморска база во индустрискиот дел на Атина.