ВИДЕО: 67 луѓе што првпат скокаат од 10-метарска скокалница

Сцената со Мистер Бин кога се плашеше да скокне од најголемата скокалница? Еве ја, во реален живот.

„Ten Meter Tower“ e краток филм, и воедно социјален експеримент на Максимилиен Ван Ертрајк и Аксел Даниелсон од Шведска. Преку онлајн оглас, тие регрутирале 67 доброволци кои никогаш претходно не скокнале од 10-метарска скокалница. На секој од нив му платиле по околу 30$ за да учествува во снимањето.

На крајот, околу 70% од тие што се пријавија навистина скокнаа. Сепак, тука удел има и камерата, видливите микрофони (тимот сакал да бидат видливи за да е јасно дека се работи за сценирана ситуација), ама и притисокот од другите учесници кои го чекаат својот ред да скокнат. Што на крајот резултира со уште поинтересни реакции.

- Реклама -