Во многу филмови и книги, психопатите се опишани како студени и манипулативни „лоши момци“, кои со својата висока интелигенција им задаваат многу главоболки на спроведувачите на законот. Земете ги за пример Ханибал Лектор и убиецот од филмот „Зодијак“.
Но науката не ја поткрепува таквата претстава. Кога научниците се вдале во метаанализа на 187 претходни студии на темата, откриле дека психопатите всушност имаат интелигенција под просечната.
Психопатијата е растројство на личноста кое покрива широк спектар од симптоми, а психолозите ја дијагностицираат според одреден список на карактеристики. Тоа значи дека можете да имате одредени психолошки карактеристики кои алудираат на психопат, но ако тие не се во правилната комбинација – не се квалификувате како таков.
Како и да е, резултатите од истражувањето покажуваат дека психопатите, вклучително и тие што успешно му побегнале на законот, всушност даваат пониски резултати на тестовите за интелигенција во споредба со тие кои не биле дијагностицирани како психопати.
Значи, не, психопатите не се генијалци од раѓање. Во реалниот живот е сосема обратно.