Најголемите малери во историјата

Сте се почувствувале некогаш како да ве следат само малери и целиот свет да е против вас? Тешко дека сте биле во право, зашто светот веројатно е зафатен со луѓе како овие од следниве примери. 

Кога светот е навистина против тебе, симптомите се вакви: седум пати ќе те удри гром, два пати ќе те касне змија, или три пати ќе потоне бродот на кој си се качил, вклучително и Титаник.

Почнуваме со Фрањо Селак, познат како „најголемиот г’злак меѓу малерите во светот“. Типот излегол неповреден од седум застрашувачки инциденти, за разлика од другите луѓе околу него кои загинале или биле тешко повредени. После сите тие премрежија, Селак добива џек-пот на хрватската лотарија.

Ен Хоџис е една од само двајцата луѓе во историјата кои биле погодени од метеорит (интернет не излажа дека е единствената, но испадна дека во 2009-та од метеорит било погодено и едно 14-годишно момче). Метеоритот поминал низ покривот на нејзината куќа и ја погодил во бутот додека се излежувала на каучот. Згора на сé, ќе и донесе само несреќа.

Рој Саливан бил удрен од гром седум пати! Шансата човек да биде удрен од гром во еден животен век од 80 години се 1:10.000. А шансата да биде удрен од гром седум пати – 1:22 септилиона (со 24 нули).

Костис Мицотакис беше единствениот човек во село од 70 луѓе во Шпанија, кој не заработил дел од 740-те милиони евра што селаните ги добија на лотаријата El Gordo. Шансата еден човек да освои џек-пот на Ел Gordo е 1:10000. Шансата ти да си единствениот што не добива дел кога сите други добиваат – којзнае.

Ерик Нори е еден од најголемите малери. Човекот бил нападнат од ајкула, погоден од гром и каснат од отровна змија, поточно ѕвечарка. Шансите за секој еден од овие инциденти се 1:11.5 милиони, 1:3000 и 1:37.500 соодветно.

Вајолет Џесоп била една од екипажот на потонатиот “Олимпик”. Потоа пловела со “Титаник”, а потоа и на “Британика”, кој исто така потонал. “Олимпик” потонал по судир со воен брод, “Титаник” удрил во санта мраз, а “Британика” потонал како резултат на експлозија под мистериозни околности. На сите три брода работела како медицинска сестра.

Кога Хенри Зигланд ја оставил девојка му, таа се самоубила. Барајќи одмазда, нејзиниот брат пукал во Зигланд, но само го поткачил по образот, а куршумот завршил во дрвото зад него. Братот, сепак, не бил свесен дека промашил, па на крајот и самиот се убил. 20 години подоцна, Хенри сечел дрво. Испаднало потешко отколку што очекувал, па употребил динамит. Но тоа било истото дрво. Куршумот излетал и поминал низ главата на Зигланд, оставајќи го мртов на лице место.

Иван Лестер МекГвајер бил инструктор и ветеран во скајдајвинг. При еден од скоковите требало да снима еден од учениците. Ранецот го наполнил со камера и друга опрема, ама кога требало да го отвори падобранот, сфатил дека не го понел. Тоа му бил трет скок дента, а заради заморот и тежината на опремата, тој не забележал дека го заборавил главното. Шансата човек да загина при скајдајвинг е 1:143.000.

Мелани Мартинез четири пати го загубила четири домот заради ураган, а откако потрошила 20.000 долари за поправка на својата петта куќа, ја загубила и неа. Шансите човек да настрада од голем ураган во Луизијана се околу 4% годишно.

Влад Казаку бил циркуски изведувач – голтач на оган. Чувајќи го запаливиот коктел во устата (за да го исплука на запалениот факел), Казаку подригнал и притоа експлодирал. Гледачите помислиле дека тоа е дел од точката и не се потрудиле да му помогнат. Инцидентите при голтање оган обично доведуваат до изгореници, во најлош случај. Експлозијата се случила затоа што веројатно Казаку подголтнал дел од смесата, а при подригнувањето од желудникот на Казаку излегле запаливи гасови.

Цутому Јамагучи се нашол во Хирошима кога ја фрлиле атомската бомба. По една ноќ помината во засолниште, тој се вратил дома во Нагасаки, токму навреме за втората атомска бомба. Сепак ја преживеал и таа, а умрел од старост на 93 години.

Во листава има и луѓе кои од својот малер не настрадале лично самите, ама се чини носат лоша среќа за другите. Роберт Тод Линколн – синот на американскиот претседател Абрахам Линколн, присуствувал на денот на атентатот врз неговиот татко. Но имало и втор пат. Тод бил поканет и присуствувал и на настанот на кој е убиен и претседателот Гарфилд. Но имало и трет пат. Последната прифатена покана била за пан-американската изложба на претседателот Мекинли… на која Мекинли исто така го загубил животот. Оттогаш Роберт Тод Линколн ги одбивал поканите за настани на кои присуствуваат претседатели.

- Реклама -