На пример, Кубанските жени си ја викаат „папаја“, a Данците си го викаат „Dolk“ (меч).
XX_XY The project е илустрирана енциклопедија на Инстаграм, која ги документира зборовите и начините на кои во разните култури ги именуваат гениталиите, кои обично важат за универзално табу.
Луѓето зад проектот велат дека се стремат да го документираат и да „известуваат“ на директен, ироничен и невулгарен начин за универзалното табу на сексуалноста, кое се манифестира во употребата на алтернативни и измислени термини, со цел да се избегне срамот.
Во суштина е многу позабавно отколку што звучи.
ШПАНИЈА: Conejo – зајак. Во многу од поруралните делови на САД, е „дабар“ (beaver) или „верверичка“ (squirrel)
ГЕРМАНИЈА: Schwanz – опашка (додуша не со крзно како на сликата)
КУБА (и МЕКСИКО): Папаја
ИТАЛИЈА: Pisselo – грашак
КОРЕА: Gochu – лута пиперка
НИКАРАГВА: Bicho – бубачка
ЗЕМЈИ ОД АНГЛИСКО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ: Schlong – змија
ТУРЦИЈА: Yarak – оружје
ЈАПОНИЈА: Koneko-chan – маче пријател
ДАНСКА: Dolk – меч
ФРАНЦИЈА: Наводно Framboise – малина. Сепак, во коментарите Французите велат дека користат chatte (пи*ка), minou (маче), moule (мувла), ама не и framboise.
БРАЗИЛ: Pinto – младо петле
ПОЛСКА: Cipka – пиле. Сепак, Полјаците протестираат дека зборот има било каква врска со „пиле“. Според нив, „cipka“ си е „cipka“ (како кај нас пи*ка) [ps. многу е глупо што мора вака да цензурираме, ама тоа е]
ШВАЈЦАРИЈА: Schnäggli – полжав (Се мисли на вагината)
ИТАЛИЈА: Passera – врапче
МЕКСИКО: Chango – мајмун
ИТАЛИЈА: Patata – компир
ИНДОНЕЗИЈА: Burung – птица
ШПАНСКО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ: Paloma – гулаб. Во Шпанија повеќе се користи „pajarito“ (мало птиче).
АРГЕНТИНА: Argolla – прстен. Според коментарите, го користат само најбезобразните Аргентинци. Инаку се користи зборот што доаѓа изворно од шпански – Concha (школка).
ИНДИЈА: Наводно Katori – чинија. Индијците првпат слушаат.
ЦЕЛ СВЕТ: Банана
ЕСТОНИЈА: Till – копар. Викаат дека го користат и во Нов Зеланд.
ШПАНИЈА: Nabo – репка
ЕСТОНИЈА: Mätas – почва покриена со трева
ФИНСКА: Muna – јајце (веројатно „јајца“)
ФРАНЦИЈА: Moule – школка. На Филипини е „tahong“ – исто така „школка“.