Изграден од инженерот Константин Зверев во 1870-тите, Форт Зверев сега лежи во руини, а бункерите, „гнездата“ за пушкомитралези и воводоводните цевки полека ‘рѓосуваат и скапуваат.
Сепак, најморничавиот елемент на Форт Зверев се крие во подрумот, каде што во 1970-тите избувнал пожар. И не обичен пожар.
Во тој подрум се чувал напалм (високо-запалив леплив гел кој се користел во запаливи бомби и пламенофрлачи, кој се состои од бензин згуснат со специјални сапуни), а кога избувнал пожарот, подрумот достигнал температура од над 2000 степени Целзиусови. Толку било жешко, што буквално ги истопил циглите над него. Притоа се создала нешто налик на вештачка пештера, а во неа црвени сталактити кои „капат“ од кровот.