Мигрант се удави покрај брод со туристи во венециско пристаниште

На снимката е 22-годишниот Патех Сабалија од Гамбија, додека се бори да излезе на крај со водата во каналот. Најмалку три појаси за спасување се фрлени во негова близина, но тој не успеа да дофати ниту еден, заради што некои извори наведоа дека сакал да изврши самоубиство.

Никој од туристите кои беа на местото на настанот не скокна во водата за барем да проба да го спаси. На снимката слушаме како некои довикуваат „Глуп е! Сака да умре!“, „Оди си, врати се дома!“ и слично. Трет довикува дека треба да остават да се удави. „Пуштете го да умре таму!“, пренесува The Times.

„Не сакам никого да посочам со прст, но можеби можеше да се направи нешто повеќе за да се спаси овој млад човек“, рече челникот на италијанската асоцијација на спасувачи DinoBaso. Да не посочуваме и ние, ама да се работеше за Европеец, макар и решен да се самоубие, тешко дека ќе го оставеа.

Според италијанските медиуми, Сабали ги имал потребните документи за престој, а во Италија дошол со брод пред две години.

Во 2016-та повеќе од 180.000 мигранти пристигнале во Италија, најголем дел од Африка, што е за 18% повеќе од претходната година.

https://youtu.be/ftec7FgeGlY

- Реклама -