Словио е вештачки меѓународен помошен пишан и усен јазик, создаден со цел подобра комуникација и разбирање на словенските јазици меѓусебно. Се проценува дека во словенското говорно подрачје припаѓаат околу 400 милиони луѓе. Туку да одиме веднаш со примери:
Што ес Cловио? Cловио ес новйу межународйу йазика ктор разумийут чтирсто милион лудис на целойу земла. Cловио можете употребит дла гворение со чтирсто милион славйу Лудис от Прага до Владивосток; от Санкт Петербург через Варшава до Варна; от Средземйу Морие и от Северйу Морие до Тихйу Океан. Cловио имайт простйу, логикйу граматиа и Словио ес идеалйу йазика дла днесйу лудис. Учийте Словио тпер!
Верзија 2 (латиница):
Sxto es Slovio? Slovio es novju mezxunarodju jazika ktor razumijut cxtirsto milion ludis na celoju zemla. Slovio mozxete upotrebit dla gvorenie so cxtirsto milion slavju Ludis ot Praga do Vladivostok; ot Sankt Peterburg cxerez Varsxava do Varna; ot Sredzemju Morie i ot Severju Morie do Tihju Okean. Slovio imajt prostju, logikju gramatia i Slovio es idealju jazika dla dnesju ludis. Ucxijte Slovio tper!
Словио е создаден од јазичарот Марк Хучко во 1999-та година, и е воедно пандан на есперанто, со тоа што се корени на словенски зборови, за разлика од есперанто кој се базира на латински. Проблемот на есперанто, од друга страна, е што вклучува голем број зборови што не се поврзани меѓу јазиците. Кај словио е обратно.
Дури и самото негово име на словио го потврдува тоа: доаѓа од зборот слово од старословенски јазик, и значи – збор.
Азбуката на словио има 25 букви.
Зборовниот фонд на јазикот е создаден од зборови што се заеднички за сите словенски јазици, додека граматичките правила на cловио се слични со оние на есперанто со унифицирани именки, придавки и глаголи.
До 2005 година, зборовниот фонд на cловио содржел околу 30.000 зборови. Според официјалниот сајт, денес содржи над 60.000.