По дифолт, проститутките немаат привилегија да бираат клиенти, а и без тоа е тешко преку телефон или кратка средба да знаеш каков ќе биде некој кога е гол; колку е фетишист, забеган, пријатен или просто одбивен. Затоа сексуалните работнички мораат да научат како да „хендлаат“ со оние најлошите клиенти, пред сé за да своето лично искуство да го направат помалку трауматично.
„Мојата имагинација е мој механизам за преживување на тешките клиенти“, вели една проститутка (специјализирана за сексуална доминација – доминатрикс) од Америка.
„Како сексуална работничка често ме прашуваат како ги преживувам клиентите кои го започнуваат разговорот со ‘не сум женомразец, ама…’ или пак оние кои не престануваат да зборуваат за одвратните вагини на другите проститутки кои ги имаат видено, или оние кои целите саат време додека им буткате дилдо во газот ве уверуваат дека ‘гарантирано не се педери’.“
Ваквите средби претставуваат околу 10 до 20% од клиентите. Останатите се безопасни, а повеќето само сакаат некој кој ќе ги сослуша, вклучително и нивните верски, политички и етички ставови, вели анонимната соговорничка.
„Најмногу такви глупости се изнаслушуваат ескорт девојките, кои со клиентите одат и на вечери. Тогаш не постои начин да избегнете разговор, а морате да климате со главата во знак на одобрување какви и да се глупостите или безобраштините што ги слушате. Тие (клиентите) ја купуваат интимноста, па некогаш навистина е потребна умешност за сé тоа добро да го одглумите, особено ако некој ви е одбивен или дури и ви се гади“.
Во „прочистувањето“ од таквите напорни искуства најмногу помага разговорот со другите колешки, велат проститутките.
„Полесно е кога заедно ќе му се насмееме на фраерот кој никако не може да сврши сé додека не изговори цела плејада на пцовки и навреди за женскиот пол, или пак на оној кој нé доживува како евтина и потрошна роба од која тој самиот е подобар“.
„ОК, ама зошто тогаш доаѓаш кај нас и не си најдеш некоја подобра? Затоа што тој став го има кон сите жени, само го прикрива. Некој ќе глуми на првите три вечери, па кога ќе завршиш со него во врска, полека ќе почне да го ослободува својот шовинизам, нетолеранција, расизам и слично…“.