Неодамна, извршниот директор на Tesla – Илон Маск, најави нови надградби и усовршувања на автопилотниот систем. А оваа снимка покажува токму високо ниво на подобрувања.
На видеото снимено од камерата на еден Tesla Model X, се гледаат група автомобили на автопат во Холандија. Како што автомобилов вози, почнува да свири системот што предупредува дека пред тебе на патот ќе се случи сообраќајка (наречен „forward collision warning“), и се активираат кочниците за итно кочење. Секунда подоцна, автомобилот што вози пред Tesla Model X се удира во друго возило, извртувајќи се кон банкината на патот.
Original video, authorisation from the owner. Essential, no one could predict the accident but the radar did and acted by emergency braking. pic.twitter.com/70MySRiHGR
— Hans Noordsij (@HansNoordsij) December 27, 2016
Ова е несомнено извонредно. Не само што системот на Tesla забележува што се случува две коли понапред, туку и делува како да ја предвидува иднината. Се разбира, дури и таков, тој не е замена за буден и претпазлив возач, но ете, во одредени ситуации е дури и подобар. А можете ли да замислите што сé ќе „предвидува“ во иднина, кога ќе биде уште поусовршен?