Кривична за македонски државјанин зашто го навредил Ердоган на социјална мрежа

Амбасадата на Турција во Македонија поднесе кривична пријава до овластениот обвинител во Македонија против лицето Е. А., за наводни навреди „кон Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган“, упатени преку „својот профил на социјалната мрежа“.

Во соопштението, лицето Е. А. е обвинето дека користело „иронични, навредливи и несоодветни зборови“.

„Имајќи ги предвид блиските односи меѓу двете земји, предлагаме овластениот обвинител да ги направи потребните чекори во насока на казнување на осомничениот против кого е поднесена кривична пријава“.

Турската амбасадорка во Македонија – Тулин Еркал Кара, во врска со случајот изјави:

„Почитувани обвинители на пријателската и братска држава Македонија, како и во сопствената земја, нашата држава поднесе кривична пријава против лицa кои преку социјалните мрежи ги навредуваат турските раководители“.

Taa истакна дека адвокатите на турската амбасада во Македонија будно ќе го следат целиот случај и додаде:

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција

„Уверени сме дека лицето ќе ја добие заслужената казна. Оваа тужба е поднесена до вас со цел да ги предупредиме оние непромислени кои отсега натаму би направиле нешто слично“.

Па ете, предупредени сте.

Извор: Анадолија

- Реклама -