Едно време, малиот град Клинтонвил во Висконсин се најде практично на сите насловни по американските медиуми. Вознемирените жители почнаа масовно да се јавуваат на итните служи и сите со истата приказна: „Слушаме нешто многу необично. Звучи како некој да буши асфалт, ама звукот доаѓа од небото“, пријавуваа во паника „клинтонвилци“ вечерта на 18-ти март 2012 година.
Локалните власти веднаш почнаа да истражуваат што се случува. Задолжените за гасоводите проверуваа да не случајно некаде протекол плин. Авионите го пребаруваа тлото во надеж дека ќе најдат некаков гас кој ќе алудира на некаква експлозија. Во депониите се проверуваше да не случајно дошло до експлозија на метан. Инженерите од блиската хидроелектрана проверуваа да не дошло до некакви оштетувања. Сеизмолошките служби не забележаа никаков потрес, а се потврди дека ни американската војска не спроведувала некакви си воени вежби.
Следното утро, звукот наеднаш престанува.
Жителите на Клинтонвил беа уште поисплашени, бидејќи никој не може да објасни што се случува. Меѓу многуте теории на заговор кружеа и тие дека тоа се трубите на Седумте јавачи кои ја најавуваат апокалипсата… Следната вечер звукот повторно се јавува: гласни „бумови“ што доаѓаат од небото, а никој не знае зошто се случува. Третиот ден, градот поставува камери и цела мрежа од микрофони во обид да го улови изворот на звукот, но дотогаш звукот е веќе значително послаб. Наскоро целосно исчезнува.
И додека Клинтонвил е оставен на раат, колку што може човек да е раат во така мистериозни околности, на стотина километри јужно, градот Монтело ја преживува истата ситуација. И таму слушаат силни звуци што потсетуваат на експлозии. И тие не знаат од каде потекнува.
Неколку дена подоцна, се појавуваат вести дека на 20-ти март е забележан благ потрес со магнитуда од 1.5 степени. Така благите потреси е мошне тешко да се регистираат, и нивната детекција е можна само со голема „посветеност“ и напор, во смисла на користење на напредни апарати и темелно следење. А баш на 20-ти март, Клинтонвил ја имаше среќата во тоа време EarthScope да има распоредено мрежа од преносни сеизмографи во тој дел на САД.
Како и да е, земјотресите, особено така слабите, тешко се разликуваат од позадинската бучава. Имено, енергијата која ја ослободува земјотресот во своето средиште, забрзано ослабува со секоја единица далечина што ја поминува. Заради тоа, додека енергијата дојде до најблискиот сеизморграф, таа е веќе толку слаба што е практично невозможно да се разликува од малото придвижување на тлото, главно заради сообраќајот на патиштата.
* * *
Атмосферската бучава од слабите земјотреси не е нешто претерано необична. Градот Мудус во сојузната држава Конектикет, на пример, е толку познат по малите земјотреси, што дури и добил име кое потекнува од индијански зборови кои во превод значат „место со злобна бучава“. Тамошните жители слушаат чудни звуци и при потреси помали од 1 степен, кои успеваат да ги детектираат благодарение на специфично поставената мрежа од сеизмографи, специјално наменета за детекција на мали потреси.
Во меѓувреме, и жителите на Клинтонвил се смирија кога сфатија дека се работи за земјотрес, и се помирија со судбината. Денес дури и продаваат маици со хумористичен напис „Преживеав 1.5 степени“.