Шведска нема ѓубре, „мора“ да го увезува

smece_svedska[1]

Шведска е толку добра во рециклирање, што веќе неколку години скоро и да не „произведува“ ѓубре. 

Но за да продолжат фабриките за рециклажа со работа, а работниците да не ги изгубат работничките места, Шведска сега увезува отпад од други земји, слично како што Холандија увезува затвореници.

Помалку од 1% од отпадот настанат во шведските домаќинства завршува на депонија. Така е веќе 5 години. Речиси целиот отпад се рециклира и се употребува одново и одново.

Зошто другите држави би ѝ го давале својот отпад на Шведска?

Гледајќи ја Шведска, јасно станува дека и отпадот може да е богатство. Другите земји ѝ го даваат, се разбира, затоа што нивните системи за рециклирање се далеку зад шведскиот. Тоа е така и затоа што во Шведска има високо развиена свест за заштита на животната средина, а и самата влада на земјата вложува во системот за преработка на отпадот. Шведска воедно е и една од првите земји кои воведоа голем данок на фосилните горива, што доведе до тоа скоро половина од вкупната количина на електрична енергија да се добива од обновливи ресурси.

„Швеѓаните сакаат да поминуваат време во природа и се свесни што треба да прават за да ги решат проблемите со животната средина. Долго работевме на тоа на луѓето да им ја подигнеме свеста за тоа да не го фрлаат она што може да се рециклира и реупотреби“, вели Ана Карин Грипвал – директорка по комуникација на Шведската асоцијација за рециклажа.

- Реклама -