Брак за брак, неверство за пари

cheating-girlfriend[1]

За неверство може да има милион причини, од супер-длабоки како недостиг од внимание и запоставеност, па до максимално површни како тоа дека имаш морално евтин човек за партнер.

Но сега, една најнова студија покажува и една друга подмолна и прилично грозна причина која се провлекува меѓу главните иницијатори на неверство – парите.

Ова „главните“ земете го со доза скептицизам, бидејќи не сме расположени да навлегуваме во деталите на студијата само за на крај да излезе дека се работи само за корелација, а не и каузалитет (како и при повеќето вакви истражувања).

Сеедно, дури и да греши за застапеноста и степенот на важност на оваа „причина“, студијата посочува еден многу реален проблем.

Имено, платата на партнерот/партнерката. Студијата сугерира дека и мажите и жените почесто изневеруваат ако нивниот партнер заработува повеќе и е на подобра работна позиција. Ова важи како причина и во ситуациите во кои мажот ја издржува жената, но и обратно.

Експертите сметаат дека во суштина се работи за чувството на пониска вредност, од кое, како што ви кажува сопственото искуство, луѓето бегаат како од ѓавол. Изневерувањето, од друга страна, гарантира макар и краткотрајно чувство на надмоќ, кое на изневерувачот му дава можност да се извлече од стапицата на живеењето во сенката на другиот (која најчесто е само во нашата глава).

Социологот Кристин Мин потврдува: „Никој не сака да биде во врска во која се чувствува како губитник поради партнерот. Сите сакаат еднаквост во емотивните врски“.

Затоа, „најважно е да одберете партнер кој нема да се чувствува загрозено поради вашиот успех. Исто така, важно е и вие да не гледате нешто лошо во успехот на партнерот, туку да го поддржувате и да се радувате за него“, потсетува Мин. А важно е и партнерот да не претерува со фалење дека заработува повеќе од вас, би додале ние.

- Реклама -