Ден на благодарноста е, а ти си во Јужна Калифорнија и треба да стигнеш на аеродром или на станица на другиот крај на градот. Си викаш: празник е, сакам да си ги видам блиските, ќе тргнам порано за да не ме фати гужвата. Арно ама, уште 49 милиони Американци си го викаат истото.
ABC7 Eyewitness News сними одлично видео од веројатно најголемиот сообраќаен метеж во светот, во кое во главна улога е „целосното блокирање“ на автопатот 405 – еден од најпрометните во САД.
https://youtu.be/rnGlYG8UjFk
Се проценува дека 49 милиони Американци патуваат по повеќе од 80 км на Денот на благодарноста.