Американец им најде цака на полициските потери

enhanced-26335-1429114389-7[1]

Не ни помислуваме да речеме дека на полициските потери во Америка ќе им дојде крајот; Американците премногу ги сакаат за да се случи такво нешто, макар што секој ден има невини жртви од истите. Но ете, се чини дека сега полицијата го има пред носот совршениот баланс – изум што буквално ги лови бегачите пред да успеат да направат беља на некој недолжен.

db7mqOS[1]До идејата дошол Леонард Сток од Аризона, откако на ТВ гледал потера во која загинал случаен мотоциклист, па решил да дизајнира направа што и ќе ги деескалира потерите, и ќе им помогне на полициските автомобили побрзо да ги фаќаат бегачите.

Досега вообичаената тактика за тоа беше извртување на возилото, познато како pit maneuver (кој играл GTA San Andreas мултиплеер сигурно знае), но тоа носи голем ризик од занесување на возилото и загрозување на другите учесници во сообраќајот, па подразбира и долго чекање на вистинскиот момент.

Со „Grappler bumper“-от на Сток, кој во превод значи „браник за фаќање“, сосема се менува ситуацијата. Запирањето на автомобилот во бегство е далеку поконтролирано и ризикот е сведен на минимум. Видеото ќе објасни сé што останува да се објасни.

- Реклама -