Знаевте ли? Забрането е да ја фотографирате Ајфеловата кула ноќе

Еве еден интересен факт што може да ви ја упропасти посетата на Париз. Сликање и споделување на фотографиите од Ајфеловата кула, ноќе, е нарушување на законот за авторски права и може да ве чини голема парична казна.

Ајфеловата кула е изградена во 1889-тата и спаѓа во сферата на јавниот домен. Сепак, легендарното ноќно осветлување на кулата се смета за уметничко дело и подлежи на авторски права. Па така, за да го фотографирате симболот на Париз, ноќе, ќе ви треба согласност од авторот (уметникот), исто како што би ви требала дозвола за да снимате театарска претстава.

tcbghavejtg0yspjebaz[1]

Ова не е само луда теорија. Дури и на официјалниот сајт стои предупредувањето дека комерцијална употреба на „фотографиите е дозволена исклучиво по претходно поднесено барање до Société d’Exploitation de la Tour Eiffel“.

Сеедно, тоа не ги спречува илјадниците селфија што ги прават посетителите секој ден. Само на Инстаграм има скоро 3 милиони фотографии со хаштагот #eiffeltower, а добро знаеме дека не се сите направени дење.

- Реклама -