Зошто да го гледате документарецот на Леонардо ди Каприо

flood

Веќе знаете, Леонардо ди Каприо ги батали неговите вообичаени „филмоснимачки“ обврски и тргна на глобална епопеја за да создаде моќен документарен филм за климатските промени, насловен Before The Flood („Пред Поплавата“).

Пораката на филмот е толку важна, што дистрибутерот National Geographic го постави да биде бесплатно достапен за секој што сака да го гледа, на својот официјален Youtube канал (го имате подолу).

Првично бевме скептични, но да, вреди да тргнете 95 минути од денот. Во филмот, ди Каприо патува ширум светот, од Гренланд до Индија, бележејќи го ефектот што климатските промени веќе го имаат врз планетата, како и напорите што се во тек за нивното ублажување.

„Само сакам да знам колку далеку сме отишле, колку многу штета имаме направено, и дали постои нешто што можеме да направиме за да го запреме“, вели Лео на почеток на филмот.

А филмот не е лесен за гледање. Ди Каприо и режисерот Фишер Стивенс ги разгледуваат статистиките од реалниот импакт на зголемените температури (од смртта на коралните гребени, па до градовите што тонат), а нормално, разговараат и со научници и експерти и за причините за загревање на светот, меѓу кои и употребата на фосилни горива, импактот на индустријата со процесирано месо, како и уништувањето на шумите.

flood2

Ќе сретнете и некои препознатливи имиња: на пример, Илон Маск зборува за батериите на Tesla, режисерот Алехандро Инариту (на The Revenant) објаснува како морале со снимателската единица да поминат пола свет само за да најдат снежна покривка, Обама зборува за климатскиот договор од Париз, итн.

Меѓу другото, конзервационистот Фарвиза Фархан објаснува како плантажите за палмино масло ги уништуваат дождовните шуми во Индонезија, а научникот Јохан Рокстром полемизира како порастот на глобалната температура од „само“ 3-4°C ќе направи многу делови од планетата да бидат ненаселиви.

Тоа што најмногу се истакнува во филмот, освен катастрофалните ефекти што нé очекуваат ако не преземеме итна акција, е колку широко е распространет и колку е комплексен проблемот. Од храната што избираме да ја купуваме во супермаркет, па до политичките натегања во американскиот Сенат – има еден куп фактори што се во игра кога зборуваме за судбината на нашата планета.

Згора на тоа, секоја земја си има свои проблеми: САД и другите големи земји, на пример, се трудат да се оттргнат од фосилните горива и да прејдат на обновлива енергија, но земји како Индија сé уште работат на тоа нивните стотици милиони жители да добијат струја за прв пат – а јагленот (не обновливите енергии) е најевтината опција во моментов.

И самиот ди Каприо во филмот признава дека тој лично има оставено повеќе карбон футпринт од повеќето луѓе на Земјата – со други зборови, секој од нас е делумно одговорен за хаосот во кој се наоѓаме.

Да, Before the Flood е полн со лоши вести, ама не е комплетно песимистички филм. Напротив, ако веднаш преземеме акција, можеме да тргнеме на добар пат.

„Ако продолжиме да буткаме, да продираме, и најважно – да продолжиме да ја едуцираме јавноста, нема причина зошто не би можеле да го решиме овој проблем на време“, му вели Обама на ди Каприо.

https://youtu.be/90CkXVF-Q8M

- Реклама -