NASA потврди присуство на хелиум во атмосферата на Месечината

Кога астронаутите од Apollo 17 слетаа на Месечината во 1972 година една од нивните задачи беше да ја анализираат атмосферата на сателитот.

Ова го постигнале користејќи го Lunar Atmosphere Composition Experiment, спектрометар кој има облик и изглед на модерен печатач/скенер дизајниран да забележува мали количини на гасови во месечевото небо.

Тогаш податоците собрани од LACE навеле кон заклучок дека атмосферата содржи хелиум. Сега, четириесет години подоцна, Lunar Reconnaissance Orbiter на NASA ги потврди наодите на LACE — потврда која води кон интересни прашања.

На пример, дали хелиумот потекнува од Месечината или од надворешен извор како соларен ветар? Како варира концентрацијата на хелиумот со разликата на висината? И зошто нивоата на атмосферскиот хелиум опаѓаат преку ноќ?

Проценката на LRO е и доказ за неговата важност како научен инструмент. Иако орбитерот примарно е наменет за мапирање на површината на Месечината NASA се надева дека тој може да одговори неколку прашања поврзани со атмосферата на Месечината која е полна со хелиум.

„Овие револуционернит мерења беа овозможени од нашите флексибилни операции со LRO како научна мисија“ објаснува Ричард Вондрак, научник поврзан со проектот. „Тоа значи дека со помош на LRO сега можеме да ја разбереме Месечината на начин кој претходно беше невозможен.” [NASA orbiter confirms there’s helium in moon’s atmosphere]

- Реклама -