Неочекуваниот „упс“ на „вештерските“ емотикони на Фејсбук

По повод Ноќта на вештерките, Фејсбук во употреба пушти нови „страшни“ емотикони. Но очигледно превидоа една важна ствар.

Новите реакции, кои ги заменија стандардните, во најголемиот дел од случаите се покажаа забавни…

39C756BD00000578-3883884-Facebook_has_gone_all_out_for_Halloween_first_it_was_ghoulish_Fa-m-20_1477689746337[1]

…Но проблемот е во тоа што ги заменија и на старите постови.

Имено, емотиконите претходно оставени на лошите вести, како што се на пример смртните случаи, веќе не изгледаат исто.

Најголем проблем има со емотиконот со Франкенштајн. Од една страна, зеленото лице и тоа како потсетува на мртовец, а од друга, овој емотикон го замени „расплаканото“ смајли – кое најчесто се користи на смртните објави и за изјавување на сочувство. Колку и да е невин потегот, очекувано не е ист ефектот кога на загуба на близок, пријателите ти реагираат со Франкенштајн.

39D2A94400000578-3883884-image-a-5_1477689151118[1]

39D2A94900000578-3883884-image-a-6_1477689152508[1]

- Реклама -