Речиси се беше договорено, но последните информации до кои дојдоа хрватските медиуми велат дека Лука Модриќ сепак нема да стане нов играч на Реал Мадрид.
Му „пукнал филмот“ на Жозе Мурињо откако претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, се обидел да се ценка дури и откако двата клуба се договориле за условите.Договорот беше Реал Мадрид да му исплати 30 милиони евра на Тотенхем, плус уште пет милиони како дополнителни бонуси според остварувањата на Модриќ во тимот на „кралевите“.
Но, во последен момент Леви сакал да изнуди уште неколку милиони од раководството на Реал, па Мурињо рекол дека му е доста од наддавање за Модриќ.
Сега трансферот повторно е доведен во прашање, а првичната најава беше дека хрватскиот играч за врска во понеделник треба да биде претставен на Сантијаго Бернабеу.