eBay забранува продавање на „магични предмети“

Ако сте волшебник и планиравте да купувате состојки преку интернет, тогаш малку лоши вести за вас. eBay неодамна објави дека повеќе нема да дозволува продавање на магични предмети.

Повеќе нема да можете да купувате клетви или напивки кои ќе ви помогнат да се справите со вашиот сосед кој се забавува со гласна музика на Pink до 4 часот наутро. Според официјалниот 2012 Fall Seller Update на eBay:

„Следните предмети се префрлаат на списокот на забранети предмети: совети, волшебства, клетви, гатања, магија, молитви, услуги за благословување, магични напивки, сесии за лекување и информации за бизнис од дома.“

- Реклама -