Го викале Сампрас зашто сам може да изеде прасе

sampras

Прекари како Сантимо (зашто си висок 199 сантиметри и ти фали уште сантим до 2 метра) или Распусто (зашто си роден на 10 јуни), автоматски ги сместуваат битолчани на позиција на лидер во регионот по креативност за прекари. Ама сега добија и конкуренција.

Градоначалникот на општина Котор – Варош Далибор Вуќановиќ, стана вистински хит на друштвените мрежи, затоа што имал необичен и духовит прекар ала Битола. Човекот со години е познат како Сампрас, ама не затоа што е добар во тенис или е фан на Пит Сампрас. Не, туку затоа што „е во состојба сам да изеде прасе“.

Барем таква е приказната што се појави на мрежата, а како што пренесува порталот Ало, Вуќановиќ не се лути. Напротив, смета дека е смешен и креативен и се надева дека и во иднина оправдано ќе го носи. Реакција за почит, нема што. Што ќе речат Aмериканците, „giving credit where credit is duе“.

- Реклама -